Србија броеше до „стотка“ и без многу мака тргна кон европскиот кошаркарски трон

Кошаркарската репрезентација на Србија со победа од 100:76 против Холандија го започна своето патешествие во групата Д на Евробаскетот.

Не мечот кој што се одигра во О2 арената во Прага, еден од најголемите фаворити ја оствари планираната победа, без притоа многу да се потрошат, а додека „лалињата“ немаа шанси за сензација.

Веќе по првото полувреме, Србија имаше +13 на паузата (51:38), предност која ја одржуваа до самиот крај.

Никола Јокиќ со 19 поени очекувано беше најдобар поединец кај победниците, додека најефикасен беше Ворти де Јонг со 28 поени.

Следниот меч Србите го играат веќе утре и тоа против домаќинот Чешка од 17:30 часот.

- Оглас -

Најнови вести