Раул: Задоволен сум, имаме две од две, но вистинскиот тест е утре

Рутински совладан Бахреин, Македонија има две победи од исто толку натпревари на Светското првенство. Селекторот Раул Гонзалес е задоволен, но тој веќе мислите ги насочи кон утрешната пресметка против Хрватска, која ја смета за првиот вистински предизвик.

„Секако дека сум задоволен, остваривме две победи во низа. Бахреин одигра добар натпревар, ни направија доста проблеми со нивната цврста одбрана, но и ние добро се браневме. Сепак, за нас вистинскиот тест е утре, против Хрватска. Тоа е репрезентација која ги поседува едни од најдобрите ракометари на светот. Но, сметам дека можеме да се надигруваме со нив, иако дуелот ќе биде тежок. Успеавме да се одмориме колку што можеме на денешниот дуел, свежи сме и подготвени за нов позитивен исход“, вели Гонзалес.

Македонија утре во 18 часот ќе се пресмета со Хрватска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести