Данил Медведев нема да ја одбрани титулата на Отвореното првенство на САД во тенис, елиминиран е во осминафиналето од Ник Кирјос и губењето на поените за Русинот значи дека од следниот понеделник тој веќе нема да биде првопласиран на ранг-листата на АТП.
Австралиецот Кирјос, кој од Вимблдон наваму игра одлично, со 3-1 во сетови го победи популарниот Медо. И во четвртфиналето Кирјос ќе игра против Русин, Карен Хачанов.
Медведев изјави дека е лут на себе, но нема да плаче што загубил бидејќи противникот играл одлично како да е Новак Ѓоковиќ или Рафаел Надал и ако продолжи вака, може да го освои турнирот.
Од следниот понеделник, на првото место на АТП-листата може да се најдат тројца тенисери, и тоа Надал, Карлос Алкараз или дури и Каспер Руд, кој во моментов е седми.
Инаку во вториот сет Кирјос направи една голема глупост кога влезе во делот од теренот на Медведев и заби, со што загуби добиен поен бидејќи не смееше да го удира топчето.
https://www.youtube.com/watch?v=M6VlvHO439Q