Тројца кандидати се спомнуваат како можни наследници на Тухел во Челзи

Томас Тухел доби отказ и веќе не е тренер на Челзи, па сега лондонските Сини се во потрага по негов наследник. Според шпекулациите на англиските медиуми, прв кандидат за преземање на позицијата е Греем Потер, актуелниот тренер на Брајтон.

Сепак, газдата Тод Боли на списокот со желби ги има и Зинедин Зидан и Маурисио Покетино, но тие се поневеројатни варијанти.

Челзи летово потроши „тешки“ милиони за да ги купи Стерлинг, Кукурелја, Кулибали, Фофана и Обамејанг, но резултатите ги нема, освоени се само 10 бода во 6 кола во Премиер лигата. Особено тешко им падна вчерашниот пораз од Динамо Загреб, па Тухел доби отказ.

Веројатно в сабота, во малото градско дерби против Фулам, екипата ќе ја водат досегашните асистенти на Тухел, а потоа в среда Челзи игра со Салцбург во ЛШ и ќе треба да најде нов тренер бидејќи потоа викендот им следува пресметка со Ливерпул.

- Оглас -

Најнови вести