Брзо се договорија, Потер ќе треба да прави чуда на клупата на Челзи

Греем Потер ќе биде новиот менаџер на лондонски Челзи. Актуелниот предводник на Брајтон, доби дозвола од клубот да се договори со Сините, договорот е постигнат, и во следните часови треба да пристигне и официјализација на трансферот.

Од првиот момент кога Томас Тухел доби отказ, 47-годишниот Потер се спомнуваше како прв кандидат за преземање на функцијата. За него, Челзи на Брајтон ќе треба да му плати околу 18 милиони евра.

Дебито на клупата на Челзи, Потер ќе го има в сабота од 13.30 часот против Фулам.

Инаку, Потер од 2011 до 2018 година, го водеше шведски Остерсундс. Кога го презеде тимот, беше во четврта лига, а кога си замина во 2018, веќе беа стабилни прволигаши и од тогаш редовно се во елитата.

- Оглас -

Најнови вести