На Баер му беше поништен гол поради тоа што на играч во офсајд му беше малиот прст (ФОТО)

Навивачите и самиот фудбалски клуб Бриж може да му бидат благодарни на новиот ВАР систем. На вчерашната средба против Баер Леверкузен каде што победија со 1:0 до триумфот дојдоа благодарение на новиот систем.

Најпрвин, голот падна по грешката на Храдецки, кој сам си ја внесе топката во својот гол, а потоа беше демонстрирана и прецизноста на ВАР системот.

Гостите се израдуваа на гол кој беше дело на Патрик Шик во 73-та минута, но, во текот на акцијата Џонатан Тах беше во милиметарски офсајд, кој што реално е тешко да се види и со актуелниот ВАР систем.

Во самата топка има сензор кој што испраќа 500 податоци во секунда, а на стадионите има 12 специјални камери. Со тоа ќе се скрати и чекањето за донесување на одлука за тоа дали е офсајд или не од 70 на 25 секунди.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести