Жирона го победи Валјадолид со 2-1, а двете екипи се погрижија овој прв натпревар од петтото коло во Ла Лига да биде мечот на кој ќе се постигне стотиот погодок во шпанската лига сезонава.
Ова беше 41-ви меч сезонава во Ла Лига, и конечно падна стотката. Жирона поведе со гол на Бразилецот Реиниер кој е позајмен од Реал Мадрид, и на кого ова му е прв гол во елитната шпанска лига. Голот број 100 сезонава во Ла Лига беше дело на Мончу Родригез. И за него ова е прв гол во кариерата во Ла Лига.
Победата на домашните им ја донесе Ориол Ромеу (негов втор меч во дресот на Жирона) во 88-ма минута, а лошо за Жирона е што сезонава на секој меч прима гол.