КОшаркарската репрезентација на Аргентина е освојувач на златниот медал на Америкупот кое е континентално првенство на Северна, Средна и Јужна Америка.
Во финалето, кое се играше во Бразил, Гаучосите во драматична завршница го победија домаќинот со 75:73. Габриел Дек беше стрелец на победничкиот кош на 17 секунди до крајот, а трагичар за Кариоките беше Лукас Диас кој промаши шут со звукот на сирената. За Аргентина ова е трето континентално злато, а прво по пауза од 11 години.
Репрезентацијата на САД го освои третото место на ова првенство, откако во „малото финале“ со 84:80 ја победија Канада. На овој турнир, двете селекции настапија без НБА ѕвездите. Гери Кларк со 18 поени беше најефикасен кај Американците кои прв пат освојуваат бронзен медал на ова натпреварување.