Паоло Дибала е играч од светска класа, а навивачите на Рома можат да бидат среќни што во нивните редови пристигна за беспари.
Аргентинецот имаше нова одлична партија, овојпат против Емполи каде што постигна гол и асистираше во победата од 2:1 во послетниот меч од 6-то коло во Серија А.
Дибала најпрвин стрелаше во 17-та минута, а при самиот крај на првиот дел следеше израмнување од страна на домашните преку Филипо Бандинели.
Но, тоа само ја натера „римската волчица“ да тргне уште поагресивно кон трите бода, кои дојдоа со голот на Тами Абрахам во 71-та, а само шест минути подоцна промашен беше и пенал.
Лоренцо Пелегрини не беше реализатор на најстрогата казна, која сепак на крајот не беше контра-казнета.
Дибала сега има четири гола и три асистенции во Серија А, додека Рома дојде до 13-от бод и е на делба на четврттото место, но има само еден помалку од триото лидери, Наполи, Милан и Аталанта.