Калин не успеа против првиот носител – Мансури победи во два сета на свој терен

Најдоброрангираниот македонски тенисер Калин Ивановски загуби на стартот од турнирот во Монастир, Тунис, од домашниот играч Скандер Мансури.

Мансури е рангиран како прв носител и игра пред своја публика на ИТФ турнирот со награден фонд од 15 илјади долари и ја искористи шансата за победа од 2:0.

Првиот сет Тунижанецот го доби со 6:3, а потоа пак беше поуспешен, овојпат со 6:4 за пласман во второто коло на турнирот на кој е топ-фаворит.

Ивановски остана без настап во второто коло, а во Тунис играше по солидниот настап во Мадрид, каде што играше на ист тип на турнир, со награден фонд од 15 илјади долари и се проби до четвртфиналето.

 

- Оглас -

Најнови вести