Интер му се заблагодари на Пандев: Заедно од Примавера до врвот на светот (ФОТО)

Интер е екипата со којашто Горан Пандев ги имаше најголемите успеси на клупски план. Заедно, предводени од Жозе Мурињо, стигнаа до триплетата во 2010 година, а Пандев од Беласица беше токму забележан од страна на „Нераѕурите“, од каде што потоа направи кариера во Анкона, па Лацио и потоа се врати на „Сан Сиро“.

Интер му се заблагодари на Гоче со една емотивна порака „Од Примавера до врвот на светот. Ти благодариме Горан“, гласеше пораката на Интер, додавајќи го и македонското знаме.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Inter (@inter)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести