Хари Мегваер вели дека бројните критики не влијаат на него и дека е имун на разните приказни што се пишуваат за него, а изјави и дека тоа се прави со една цел, да се собираат кликови на интернет.
„Секогаш кога има нешто да се напише критички за мене, луѓето го прават тоа. Мене ми е логично, бидејќи јас сум капитен на гигантот Манчестер јунајтед, а сето тоа го прават за да добијат повеќе кликови на интернет.
Имун сум на тоа и не ме засега, н морам да кажам дека не се истакнува мојот учинок на Европското првенство кога играв по двомесечна пауза поради повреда, а бев избран во идеалниот тим на шампионатот“, вели Мегваер.
Поради слабите игри, особено во ланската сезона и многубројните киксови, дел од нив и несфатливи за играч што Црвените ѓаволи го купија за 87 милиони евра, Мегваер беше на мета на критики, а сеир му фаќаа сите, и навивачите на Јунајтед, но и на останатите клубови.
Оваа сезона се почесто е резерва во редовите на најтрофејниот англиски клуб со 20 шампионски круни во Англија.