Рикардо Кака своевремено беше еден од најдобрите фудбалери на светот, а со трансферот од Милан во Реал Мадрид беше означен и стартот на вторите Галактикоси под водство на Флорентино Перез.
Бразилецот за некои 65 милиони евра замина во Мадрид, а само неколку месеци подоцна, во Реал дојде и Кристијано Роналдо.
За разлика од Поргугалецот, Кака и не ги исполни очекувањата.
„Најубавиот момент од времето минато во Реал Мадрид беше дента кога заминував. Тоа го велам бидејќи Флорентино Перез на заминувањето ми кажа дека знае дека се обидував да го дадам максимумот, но повредите и малата минутажа едноставно си го направија своето.
Затоа јас никогаш во мојот живот нема да кажам нешто лошо за Реал Мадрид или пак Жозе Мурињо“ изјави Кака.
Во периодот од 2009 до 2013, Кака одигра 85 натпревари и постигна 23 погодоци.