Македонската фудбалска репрезентација утревечер од 20:45 часот ќе ги одмери силите со Бугарија во меч од Лигата на нации „Ц“.
Фудбалската федерација на Македонија објави дека сè уште има карти во продажба и дека тие можат само лично лично да се купат со почетна цена од 250 денари.
„Фудбалската федерација на Македонија ги повикува навивачите кои ќе ја бодрат македонската А репрезентација на утрешниот натпревар против Бугарија на Националната арена „Тодор Проески“, како и до сега, да им бидат поддршка на нашите фудбалери во текот на мечот.
Ги повикуваме сите љубители на фудбалот и поддржувачи на македонската репрезентација со фер и коректно навивање да им помогнат на „Рисовите“ да дојдат до победа на последниот натпревар од групата во Лига на нации.
Апелираме на воздржаност од неспортско навивање, користење пиротехнички средства, неспортски транспаренти, користење на ласери, насилно однесување и фрлање предмети на терен.
Единствено со фер, спортско и коректно навивање покажуваме почит кон нашиот национален тим и почит за противникот.
Воедно, праќаме информација до сите кои ќе го следат натпреварот на Националната арена „Тодор Проески“ дека влезовите на нашиот најголем стадион ќе бидат отворени од 18:45 часот до 20:30 часот.
Ги повикуваме сите љубители на фудбалот, навивачи и поддржувачи на македонската репрезентација навреме да бидат на своите места на Националната арена.
Продажбата на билети за натпреварот Македонија – Бугариjа се организира исклучиво преку продажната мрежа на MKTickets.
Продажбата се одвива исклучиво со физичко присуство на купувачите. Електронска (on-line) продажба на билети нема“ стои во соопштението на ФФМ.
Повеќе информации за продажните места и цените, можете да пронајдете со кликање на ОВОЈ ЛИНК.