Четири секунди го делеа Рајковиќ од прв трофеј со ЦСКА, Реал го лапна шпанскиот Суперкуп

Зенит Санкт Петербург е освојувач на победничкиот пехар во Суперкупот на ВТБ лигата. Во руското финале во Москва, Зенит ја победи ЦСКА Москва со 71-70, благодарение на тројката на Томас Вимбуш на четири секунди до крајот.

Тренер на Армејците е Емил Рајковиќ, кој не можеше да смета на ѕвездата Алексеј Швед.

Финале на Суперкуп се играше и во Шпанија. Во Ел Класико, Реал Мадрид по продолжение ја победи Барселона со 89-83. Валтер Таварес и Џанан Муса беа творци на триумфот на Кралскиот клуб.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести