Играше за Евертон, со Русија стигна до полуфинале на ЕП, а сега е повикан да се бори против Украина

Динијар Билјалетдинов, поранешниот фудбалер на Евертон, е повикан да ѝ се приклучи на руската војска и да се бори во Украина. Билјалетдинов во 2009 година за 10 милиони евра пристигна на „Гудисон парк“ во Евертон и помина три сезони во оваа екипа, а во родната Русија се врати во 2012 година.

Во 2019 година, на 39-години, Билјалетдинов реши да стави крај на фудбалската кариера, а сега пред него е нов, непознат предизвик. Според наредбата која ја издаде рускиот претседател Владимир Путин, треба да се регрутираат момци до 35 години, а Билјалетдинов иако веќе е 40+, сепак е повикан да помогне во војската затоа што веќе има служено војска и се смета за искусен и дека може да помогне.

Билјалетдинов има 46 настапи за руската репрезентација, а беше дел и од селекцијата која на Европското првенство во 2008 година стигна до полуфиналето на континенталниот собир.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести