Ова што го направија браќата Вилијамс вечерва, не е видено во историјата на Ла Лига

Натпреварот помеѓу Атлетик Билбао и Алмерија со кој почна седмото коло во шпанската Ла Лига, испадна дека е историски, затоа што за првпат е видено на еден меч двајца браќа да дадат гол по асистенција на нивен брат.

Најпрвин Нико му асистираше на Ињаки Вилијамс, а потоа и поискусниот брат имаше асистенција при погодокот на Нико.

Иако се браќа, како Боатенг во минатото, Нико и Ињаки решија да играат за различни селекции. Нико е новопечен шпански репрезентативец, а Ињаки дебитираше за Гана.

Со вечерашната победа над Алмерија, Атлетик е трети, и се изедначи по број на бодови со Барселона која има и еден меч помалку.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести