Со дуелите Македонија Ѓорче Петров – Струга Трим Лум од 14 и Брегалница – Работнички од 15 часот, денеска започнува деветтото коло во Првата македонска фудбалска лига.
Стружани засега се перфектни со максимални 24 бода од осум меча, ги совладаа сите противници кои им се испречија на патот. За победа на Струга во Ѓорче Петров, квотата во Sport Life е одлична, 2.40.
Инаку, ѓорчепетровци преку клупската Фејсбук страница организираат наградна игра со која даваат дрес за тој што ќе погоди стрелец за Македонија Ѓ.П. против Струга, а потребно е и физичко присуство на натпреварот.