МЗТ Скопје на минус 17 по првото полувреме против шампионот на АБА

Кошаркарите на МЗТ Скопје по 20 минути игра во првото коло во АБА лигата имаат 16 поени негатива на гостувањето кај шампионот Црвена звезда, 39:22.

Металците одиграа добро во првата четвртина која ја загубија со 13:9, но потфрлија во втората. Им проработе шутот на „црвено-белите“, постигнаа три тројки и четвртината ја добија со 26:13.

Најдобар во редовите на МЗТ Скопје беше Бојан Крстевски кој постигна 10 поени, Војдан Стојановски даде 8, но изостана поддршката од останатите кошаркари.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести