Лајпциг го совлада Селтик со 3-1, а Салцбург беше подобар од Динамо Загреб со 1-0 во двата меча од Лигата на шампионите кои се играа од 18.45 часот.
Главен спонзор на германскиот и австрискиот тим е истата компанија, па во Ред Бул имаа многу причини за задоволство бидејќи освоија и бодови и заработија пари.
Во Лајпциг, првото полувреме беше историско бидејќи првпат во ЛШ се играа над 7 минути судиско продолжение. Головите за победничкиот тим ги дадоа Нкунку и Андре Силва (два гола). Лајпциг губеше во првите две кола, а Селтик остана без победа и по три одиграни средби.
Салцбург победи со гол од пенал на Окафор во 71-вата минута. Загрепчани, за кои Адеми играше цел меч, дадоа гол во 91-вата минута, но по прегледувањето на снимката во ВАР-собата, голот беше поништен поради офсајд.