Ракометарите на Кјелце во дербито на четвртото коло во Лигата на шампионите со 40:37 го совладаа Кил.
Херој на Кјелце беше поранешниот вардадец Алекс Душебаев, кој во последните две минути постигна три гола по ред за трет триумф на полскиот тим сезонава.
Европскиот шампион Барселона го декласира Елверум со 46:30, а фаворитската улога ја оправда и Алборг, кој со 29:41 го победи Пик Сегед како гостин.
Во групата А, ПСЖ со 40:31 беше подобар од ППД Загреб, за кого миленикот на Комитите, Тимур Дибиров, даде четири гола.
Магдебург пред своите гледачи со 33:27 славеше над Висла Плоцк.