Автогол на годината: Со шут од 60-тина метри го совлада сопствениот голман (ВИДЕО)

На вчерашниот натпревар во австриската Бундеслига меѓу Волфсбергер и Рид кој заврши со триумф на гостите од 1:2, беше постигнат неверојатен автогол кој сигурно е кандидат за автогол на годината.

Најинтересниот момент на натпреварот се случи во последните моменти од натпреварот кога веќе беше одлучен победникот, фудбалерот на Рид, Матијас Грагер, постигна спектакуларен автогол во моментите кога тој и соиграчите ја чуваа топката за да помине времето.

Грагер од противничката половина се обиде да му ја врати топката на својот голман, но не примети дека тој беше излезен надвор од шеснаесетникот и тоа резултираше со неверојатен автогол.

https://twitter.com/i/status/1579172859641233411

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести