ВАР технологијата во фудбалот се почесто почнува да се покажува како недоволно совршена за да ги улови сите пропусти што судиите не може да ги видат на теренот за време на играта. Последниот таков превид се случи вчера во Премиер лигата, на дуелот Вест хем и Фулам. Се играше 90+1 минута кога Антонио тргна во напад и успеа да постигне гол за да го потврди триумфот на Чеканите од 3:1.
На снимката јасно се гледа дека Антонио при приемот на топката, намерно игра со рака за да си добие предност и да ја намести пред него, а потоа лесно постигна гол. Судиите во ВАР собата воопшто не реагираа, а ниту главниот арбитар не побара повторена снимка за оваа ситуација која очигледно беше нерегуларна.
Why wasn’t Antonio’s goal today against Fulham not cancelled for this but Rashford’s was @premierleague? pic.twitter.com/1oyntGtvY9
— ًE. (@UtdEIIis) October 9, 2022