Првото полувреме на мечевите од 21 часот во Лигата на шампионите, донесе еден рекорд.
Натурализираниот Италијанец Жоржињо, даде гол од пенал против Милан, и сега има седум голови во ЛШ, само еден на гости, а сите му се од белата точка. Нема друг фудбалер во историјата на ЛШ кој постигнал повеќе од пет гола, а сите да му се од пенал.
Гол од пенал даде и Килијан Мбапе за водство на ПСЖ против Бенфика, а Џад Белингам од Борусија Дортмунд е единствен фудбалер кој дава барем по еден гол во сите четири досегашни кола во ЛШ сезонава.
Адеми и Ристовски играат за Динамо кој дома има 1-1 против Салцбург. Голот на хрватскиот првак прво беше поништен, а потоа по прегледување на снимка, сепак беше признат. Претходно, Динамо даде уште еден гол кој беше поништен.