Ракометната репрезентација на Македонија води со 18:7 по првото полувреме против Луксембург на стартот од квалификациите за пласман на ЕП 2024.
Избраниците на селекторот Кирил Лазаров фуриозно го започнаа натпреварот и со головите на Талески, Серафимов и Ѓорѓиев по три минути игра поведоа со 3:0.
Гостите првиот гол го постигнаа во четвртата минута преку Вирц, но Црвено-жолтите ги контролираа резултатот и играта и ја оправдаа фаворитската улога. На средина од првиот дел по голот на Петар Атанасијевиќ, Македонија поведе со пет гола разлика (9:4), а во 20-тата минута веќе на семафорот во СЦ „Борис Трајковски“ веќе беше 12:4.
Последните десет минути македонските ракометари рутински ги одиграа и првиот дел го завршија со убедливи 11 гола предност – 18:7 и во целост ја оправдаа фаворитската улога.
Најпрецизни по првиот дел во редовите на Македонија беа Цветан Кузмановски со пет гола, а Филип Кузмановски и Игор Ѓоѓиев дадоа по три гола.