Талески: Исполнивме голем дел од договореното, но не смееме да си дозволиме пад на играта

Ракометната репрезентација на Македонија со убедливи 38:24 над Луксембург ги започна квалификациите за Европското првенство 2024 година, а еден од новите лидери на националниот тим, Филип Талески, е задоволен од триумфот.

„Голем процент од тоа што го договоривме, го остваривме. Сметам дека не треба да имаме грешки, пад во играта со ниту еден тим како што беше во второто полувреме. Не смееме да си дозволиме такви грешки бидејќи многу ќе нè чини со посилни репрезентации. Сега ни останува да одмориме вечерва и потоа со ладни глави да се подготвуваме за мечот во Турција бидејќи тој натпревар ќе биде клучен во овие квалификации, рече Талески.

Македонија во овие квалификации започнува нова ера без Кирил Лазаров на теренот, а токму Талески, заедно Митревски, Кузмановски и Пешевски сега имаат „најголем стаж“ во репрезентацијата и се новите лидери на теренот.

Македонија за четири дена ќе го игра вториот натпревар во квалификациите за пласман на ЕП 2024, ракомерите ѝ гостуваат на Турција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести