Будуќност пресилен за МЗТ Скопје Аерором

МЗТ Скопје Аеродром загуби трет пат во третиот меч од регионалната АБА лига. Македонскиот првак гостуваше во Подгорица кај Будуќност, а црногорскиот тим се покажа како пресилен за Штрковите и на крајот славеше со 89:66 (23:10, 16:21, 25:15, 25:20).

Од самиот старт Бидуќност покажа доминација. По почетните 2:2, домаќините направија серија од 15:0 за водство од 17:2. Предноста од 15 поени Будуќност ја имаше во неколку ситуации во втората четвртина, но МЗТ успеа до полувреме да намали на осум разлика (39:31).

На почетокот на третата четвртина МЗТ стигна и до само шест негатива (41:35), но потоа следуваше нова серија на Будуќност, овојпат од 15:1, па домаќините прв пат поведоа со 20 разлика (56:36).

Од тој момент, па до крајот на средбата фаворитот во ниту еден момент не ја испушти двоцифрената предност и на крајот стигна до триумф со убедливи 23 поени.

Најпрецизни кај МЗТ беа Максвел и Ајви со по 12 поени, а Дамјан Стојановски постигна 10 поени. Кај Будуќност прв стрелец беше Бел-Хајнс со 21 поени, а Рејнолдс додаде 18 поени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести