Чави добива големо засилување пред денешното Ел Класико

По осум меча во кои Барселона и Реал Мадрид освоија по 22 бодови, попладнево на „Сантијаго Бернабеу“ двата гиганти ќе играат меѓусебе во првото Ел Класико за оваа сезона. Реал ја има предноста на домашен терен, но тренерот на гостите, Чави Ернандес може да биде задоволен затоа што токму пред големиот меч во составот доби одлично засилување.

Во екипата на Барселона се враќа Жил Кунде, кој пред почетокот на оваа сезона пристигна на „Камп Ноу“, но речиси еден месец беше повреден. Кунде сега е подготвен, вметнат е во составот на гостите и може дури да го очекуваме меѓу стартерите.


ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести