Босанците го решија македонското дерби во АБА 2 лигата

Пелистер лесно триумфира против ТФТ во македонското дерби во првото коло на АБА 2 лигата.

Конечниот резултат од 75-65 не покажува дека битолчани беа толку надмоќни и убедливи, но последната четвртина, која ТФТ ја доби со 29-10, им помогна на Црно-белите од скопската населба Тафталиџе да не претрпат тежок пораз, кој им се закануваше по 30 минути игра.

Средбата се одигра во салата на Златибор во Србија, а најзаслужни за победата на Пелистер беа Босанците Хаџифезовиќ со 28 и Мустафица со 16 поени. Пелистер дури имаше 22 загубени топки, но тоа не им попречи да извојуваат победа со двоцифрена разлика.

Во следното коло, задутре, Пелистер игра со словенечкиот Шенчур, а ТФТ ќе има дуел со Сутјеска од Црна Гора.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести