Познато е кои се фаворити за освојување на следната Златна топка

Поради сето тоа што го направи минатата сезона, особено во Лигата на шампионите, немаше дилеми дека Карим Бензема ќе ја освои Златната топка за 2022 година, а веќе почнаа нагаѓања кој ќе го освои признанието на „Франс фудбал“ за следната година.

Како кандидати се спомнуваат Халанд, Мбапе, Левандовски, Меси, Бензема, Винисиус, Нејмар, Салах, Де Бројне, речиси сите тие беа при врвот и годинава, може да се појават нови имиња како Кварацхелија, Валверде, Белингам, Габриел Жезус, Мусијала, Кејн, Фоден, Кристијано Роналдо, но голем фактор при изборот може да биде Светското првенство во Катар.

Мундијалот кој се игра во ноември и декември годинава, може да им помогне, на пример, на Меси, Нејмар, Французите или некој друг, зависи од тоа кој ќе биде главен играч во новиот светски првак, а да му одмогне на Халанд, кој нема да игра на СП, па феноменалната клупска сезона може и да не му биде доволна да биде прогласен за најдобар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести