Имаат скап тим со три големи НБА ѕвезди и никој не сака да ги гледа кога играат дома

Бруклин нетс има најслаба продажба на сезонски билети од сите НБА-клубови и пад од 30-тина отсто од ланската продажба, која неофицијално се движела меѓу 8 и 9 илјади продадени сезонски билети за домашните мечеви на Мрежичките.

Сега таа бројка е сведена на 5.500, што е убедливо најмалку од сите 30 НБА-екипи што играат во најсилната лига на светот.

Една од причините за ваквиот пад е што цените на билетите постојано растат, а има зголемување и од 50 проценти за одредени сектори, односно места во „Баркли центарот“ за вкупно 41 меч на Бруклин на домашен терен.

Дури ниту трите големи ѕвезди во тимот, Кевин Дурант, Кајри Ирвинг и Бен Симонс, кои се Олстар формат играчи во НБА-лигата, не можат да привлечат повеќе луѓе да купат сезонски билети за натпреварите на Мрежичките, што ќе доведе до дупка во буџетот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести