Реал Мадрид го продолжи договорот со ѕвездата до 2027 година

Неколку шпански медиуми преноесоа вест дека Реал Мадрид го продолжил договорот со Винисиус Јуниор. Младиот Бразилец имаше договор до 2024 година, а според новиот потпис, тој ќе остане верен на Кралскиот клуб до јуни 2027 година.

Винисиус во Реал дојде во 2018 година, веднаш штом наполи 18 години, за да може да се испочитува правилото за најниска возраст за трансфер на еден фудбалер од странство. шпанскиот гигант за Винисиус плати 46 милиони евра, што рекорден трансфер за фудбалер до 19 години.

Во изминативе четири години, Бразилецот прераснува во еден од најдобрите фудбалери кај Кралевите. Веќе има одиграно 187 мечеви, а зад своето име има и 44 голови и 48 асистенции.

Со новиот договор, Бразилецот ќе добие и многу поголема плата. Наместо досегашните три милиони по сезона, Винисиус сега ќе заработува по осум милиони евра за една сезона.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести