Барселона по стапките на Париз, нема организирано гледање на мечеви од Мундијалот во Катар

Градските власти на Барселона донесоа одлука да не дозволат следење на натпреварите од Светското првенство во Катар на јавни места.

Градоначалничката на Барселона, Ада Колау, на денешната седница на градскиот совет го одби барањето на една опозициска партија да се отвори јавен простор за собирање на граѓаните и следење натпревари на шпанската репрезентација.

„Грешка е во диктатура да се организира глобален спортски настан, кој треба да ги промовира демократските вредности, мирот и човековите права“, рече градоначалничката Колау.

Ада Колау во 2015 година стана градоначалничка на Барселона.

Барселона со овој потег им се приклучи на Париз и на уште шест француски града кои најавија дека нема да поставуваат големи екрани за гледање натпреварите на Мундијалот во Катар.

Со овој потег и Барселона и француските градови сакаат да искажат протест што ФИФА ја додели организацијата на СП на Катар, земја која е на удар поради непочитување и кршење на човековите права на имигрантите кои работеа на изградба на стадионите на кои ќе се играат натпреварите од претстојниот Мундијал.

- Оглас -

Најнови вести