Не знаеш кој е поочаен – Бруклин или ЛА Лејкерс, Мрежичките почнаа да си даваат автокошеви (Видео)

Бруклин нетс иако во тимот има три големи ѕвезди, Кевин Дурент, Кајри Ирвинг и Бен Симонс, игра очајно на стартот од новата сезона во НБА лигата.

Тимот кој се сметаше за еден од главните фаворити за пласман во големото НБА финале, по шест меча има само една победа и дури пет порази. Единствен полош тим од нив е Лос Анџелес Лејкес кој сè уште ја чека првата победа.

Бруклин утринава загуби од Индијана пејсерс со 125:116 и тоа е четврти пораз по ред за Мрежичките.

„Ова е катастрофа? Како поинаку би можел да се опише мечот? Не видов желба за победа кај играчите, немаше поврзаност меѓу нив која е неопходна за да играме одбрана или да одиме на скок. Мора да се загрижиме како играме“, изјави тренерот на Бруклин, Стив Неш по поразот.

За тоа колку е очаен Бруклин сезонава, најдобро покажува еден детал од мечот со Индијана, играч на Мрежичките си постигна автокош. Крилото на Бруклин, Јута Ватанабе, во обид да дојде до топката по промашениот шут на играч на Индијана, несакајќи си постигна автокош.

https://twitter.com/i/status/1586512642209812480

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести