Пол Џорџ против Хјустон одигра партија каква што не е видена во историјата на НБА (Видео)

Лос Анџелес клиперс го совлада Хјустон рокитс со 95-93 во најнеефикасниот, но и најинтересен меч во НБА-лигата одигран рано утрово.

Средбата мина во знакот на Пол Џорџ, кој погоди тројка за 93-93, па украде топка и на крајот од тешка позиција го погоди шутот за победа на 6,2 секунди до крајот и со тоа ја комплетира својата феноменална сестрана партија.

Ова е првпат во историјата на НБА некој поединец на ист меч да има барем 35 поени, 9 скока, 8 асистенции, 6 украдени топки и пет погодени тројки.

Бруклин дома победи против Индијана со 119-106, а 36-те поени кои ги постигна Кевин Дурант му помогнаа да стане 19-ти стрелец во НБА на сите времиња. Досега 19-ти беше Винс Картер, играчот кој му бил идол на Дурант во детството.

Ова е кошот на Џорџ, кој му донесе триумф на Клиперс:

https://twitter.com/i/status/1587307575716061184

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести