Навивачите на Бодо/Глимт не сакаа да го пропуштат последниот натпревар на својот фудбалски миленик во Лигата на Европа за оваа сезона, па се снаоѓаа за места на стадионот „Аспмира“ и околу него.
Иако немаа шанса за пласман понатму во Лигата на Европа, над 8.270 симпатизери на Бодо дојдоа да го гледаат дуелот со ПСВ Ајднховен.
Капацитетот на стадионот е мал, па дел од навивачите се снаоѓаа и го следеа мечот и од старите добри позиции на дрвјата во околина на арената „Аспмира“.
Функционираше Олд скул ВИП ложата во Бодо, екипа што ќе продолжи да игра во Конференциската лига на УЕФА.
ПСВ го победи Бодо со 2:1 и заедно со Арсенал продолжува во битката за титулата во Лигата на Европа, а норвешкиот тим како третопласиран во А групата се сели во Конференциската лига.
Ждрепката за нокаут-фазата ќе се одржи во понеделник, кога точно напладне ќе се одредуваат противниците во осминафиналето во Лигата на шампионите, еден час подоцна во Лигата на Европа, а од 14 часот и во Конференциската лига.