Со мечевите Унгарија – Швајцарија и Данска – Словенија, денеска од 18 часот почнува женското Европско првенство во ракомет, а една од трите земји домаќини на овој голем настан е Македонија.
Кај нас во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје ќе се играат мечеви од првата и втората фаза по групи, домаќин во првата фаза е и Црна Гора, а завршницата е во Љубљана во Словенија.
Вечерва и од 20.45 часот се играат два меча: Норвешка – Хрватска и Шведска – Србија.
Македонската селекција својот прв меч го игра утре од 18 против Франција. Според квотите во Sport Life, големи фаворити за победа за денеска се Унгарија, Данска, Норвешка и Шведска, но за подобра заработка може да погодувате со колкава разлика ќе бидат нивните победи, колку голови ќе паднат на мечевите, колку голови ќе даде секој од тимовите, итн.