Петровиќ: Второ полувреме одигравме тотално без енергија

Тренерот на МЗТ Скопје Аеродром, Александар Петровиќ, главната причина за поразот од Морнар, ја бара во лошиот скок и во фактот дека играчите од неговиот тим во второто полувреме останаа без енергија.

„Честитки за победата на екипата на Морнар. Причината за поразот го гледам во нашиот лош скок. Тие имаа дури 12 офанзивни скокови, од кои реализираа доста лесни поени. На 52:53, имавме неколку напади кои не ги реализиравме. Од контра напади фрлавме во аут, не фати паника во напад. Бевме безидејни. Тие знаеја што сакаат, Расел и Михаиловиќ одлично погаѓаа и делеа асистенции, со што одлично го водеа својот тим во нападот. Денеска скокот ни беше катастрофа и тука го загубивме мечот. Морнар имаше 15 скока повеќе од нас. Ова е јака лига, но МЗТ нема да се предаде. Одиме понатаму, иако знаеме дека ќе биде тешко. Мора многу да работиме. Екипата беше без енергија. Второ полувреме одигравме тотално без енергија“, рече Петровиќ веднаш по мечот.

- Оглас -

Најнови вести