Ништо ново на ЕП – Македонија загуби и од Холандија со двоцифрена разлика (Видео)

Македонија го загуби и вториот меч на Европското првенство со двоцифрена разлика, вечерва од Холандија со 30:15.

Во првото коло Франција беше подобра од нашите репрезентативки и победи со 24:14, а Холандија беше поубедлива и го заврши мечот со плус 15 гола.

Тоа не е неочекуван исход бидејќи ривалот е поранешен европски првак, но се очекуваше подобра игра од македонските ракометарки.

Повторно ги тресеше тремата, а Холанѓанките искористија и ги потврдија и квалитетот и искуството и славеа убедливо.

Поведоа со 6:1,а потоа го контролираа мечот и лесно победија со 30:15.

По првото полувреме имаа предност од 17:9, а потоа стигнаа и до двоцифрена разлика.

Македонија не успеа да постигне гол 15-тина минути од 14:21, до 14:29, односно во серијата на Холандија од 8:0 ниту еднаш не ја погодивме мрежата на фаворитките.

Смитс со седум гола беше најефикасна кај Холандија, но и на мечот, Бент постигна шест, а кај Македонија Сара Ристовска беше прв стрелец со 4 гола.

Светла точка кај нас беше голманката Мицевска со пет одбрани и веројатно и реакцијата на мечот кога одбрани пенал на феноменален начин во второто полувреме.

https://twitter.com/EHFEURO/status/1589682184306106369?s=20&t=B7L4qftpyl4SqXlB-dYNmQ

Задутре во последното коло во фазата по групи ќе играме со Романија и пораз не елиминира од ЕП.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести