EA Sports ги погоди светските шампиони во 2010, 2014 и 2018, ама овојпат „ФИФА 23“ ја утнаа работата (Фото)

Аргентина ќе биде светски првак, најавува симулацијата на компанијата EA Sports кортистејќи ја видеоиграта „ФИФА 23“. Симулациите на EA Sports го погодуваа светскиот првак во 2010, 2014 и 2018 година, па Гаучосите се надеваат дека и овојпат ќе биде точно погоден првакот.

Според симулацијата, Аргентина во финалето ќе го победи Бразил со 1-0, а Франција ќе го освои третото место со победа над Португалија во битката за бронза. И сето тоа е супер, само што има една голема „фалинка“.

Во објавата стои дека и Аргентина и Бразил ќе го освојат првото место во своите групи. Ако се случи тоа на Мундијалот во Катар, не е можно во финале да играат двете најсилни селекции од Јужна Америка бидејќи се во истата половина од костурот.

За да има финале Аргентина – Бразил, една од овие репрезентации треба да биде втора во својата група.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести