Ракометна драма во Скопје – Романката Базалиу со гол од 15 метри во последен миг ја нокаутира Шпанија (Видео)

Селекцијата на Романија забележа драматична прва победа на Европското првенство во ракомет за жени, а голот што го постигна Базалиу во претпоследната секунда со удар од 15 метри е фантастичен.

Романките победија со 28:27 против Шпанија во неверојатен финиш на меч што се играше вечерва во салата „Борис Трајковски“ во Скопје.

Шпанките израмнија на 27:27 со гол на девет секудни до крајот, но Романките беа и брзи и итри и ефектни и ја забележаа првата победа во втората фаза на ЕП.

Неагу само и ја додаде топката на Базалиу, а хероината на Романија со силен шут од огромна далечина ги нокаутира Шпанките.

https://twitter.com/teledeporte/status/1591174968439513089?s=20&t=fBNNOh2GyqYxmgMxTcbRuw

Сега и двете репрезентации имаат по два бода по три одиграни натпревари.

Претходно денеска Германија ја декласира Холандија со 36:28, а и тие две селекции имаат по два бода во истата група.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести