Денеска завршува втората групна фаза на Европското првенство во ракомет за жени, а тоа значи и последни три меча од шампионатот кои се играат во Скопје.
Јасно е дека Франција и Црна Гора продолжуваат во Љубљана како полуфиналисти и ќе се борат за медали, но сите три денешни меча во „Борис Трајковски“ носат посебна возбуда бидејќи ќе се одлучи кој ќе биде трет во групата и ќе се бори за пласман на Светско првенство и квалификации за Олимписки игри.
Од 15.30 часот играат Романија и Германија. Двата тима се на последните две места во групата, но ако има победник, тој ќе остане со какви-такви шанси за трето место и ќе чека расплет на другите два меча кои се играат подоцна.
Холандија има убава шанса со победа над Црна Гора од 18 часот да биде трета и директно да оди на СП. Мотиви кај Црногорките ќе нема премногу, тие својата работа си ја завршија вчера.
И Шпанија има теоретска шанса да биде трета, но треба да ја совлада перфектната Франција и притоа Холандија да не триумфира против Црна Гора.