Дебитантот на Бруклин со поени во последната секунда му донесе триумф на својот тим и дојде до трипл-дабл (Видео)

Кошаркарот на Бруклин нетс, Ројс О’Нил, ќе го памети натпреварот против Портланд бидејќи беше херој на својот тим постигнувајќи поени од одбојка во последната секунда, а згора на тоа оствари и трипл-дабл.

О‘ Нил, кој не беше избран на НБА-драфтот, туку во најсилната лига на светот дојде преку настапи во Германија и Шпанија, мечот го заврши со 11 поени, имаше 11 скока и 11 асистенции, а поените за триумф на Бруклин од 109:107 ги даде во последната секунда. Кевин Дурaнт го предводеше Бруклин со 35 поени, додека Бен Симонс даде 15 поени.

https://twitter.com/i/status/1593488807344877568

Сакраменто кингс ја издвојува петтата победа по ред откако со 130:112 го декласира Сан Антонио спарс. Деарон Фокс ја предводе[е листата на стрелци на Сакраменто со 28 поени. Кралевите се наоѓаат само на една победа од израмнување на рекордот од шест победи во низа. Кралевите сезоната ја започнаа со четири порази по ред, но потоа победија на осум од наредните 10 меча.
Сан Антонио пак имаше одличен старт на сезоната со 5:2, но потоа загуби на девет од последните 10 меча.

ЛА клиперс и Детроит го одиграа најнеефикасниот натпревар вечерва постигнувајќи само 187 поени. На крајот славеа Клиперси со 96:91, чии навивачи имаа двојна причина за радост бидејќи на терените се врати првата ѕвезда на екипата, Кавај Ленард. Ленард за првпат сезонава беше стартер за Клиперс и постигна само шест поени. Херој на тимот од Лос Анџелес беше Реџи Џонсон со 23 поени, додека Пол Џорџ и Маркус Морис постигнаа по 16 поени, а Ивица Зубац го израмни рекордот во кариерата со 18 скока. На спротивната страна, Бојан Богдановиќ даде 26 поени за Детроит, кој е во серија од пет порази по ред.

Резултати: Портланд – Бруклин 107:109, Сакраменто – Сан Антонио 130:112, ЛА Клиперс – Детроит 96:91

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести