Шпанците најдоа замена за несреќниот Гаја – Во Катар пристигна уште еден бисер на Барселона (Фото)

Аљехндро Балде е последниот патник на шпанската фудбалска репрезентација за Катар и ќе биде во составот за Мундијалот, како замен за повредениот Хозе Гаја.

Играчот на Валенсија се повреди вчера на последниот тест дуел на Шпанија пред стартот на Светското првенство, во победата од 3:1 против Јордан и нема да игра на шампионатот.

Гаја го повреди скочниот зглоб и ќе мора да паузира, па на негово место во Катар отпатува 19-годишниот Балде од Барселона.

Луис Енрике одлучи тој да биде замена за Гаја, а интересно е дека Балде нема ниту еден меч за А селекцијата на Шпанија, па ќе има можност да дебитира на Мундијалот во Катар.

Шпанија е во група со Костарика, Германија и Јапонија во првата фаза од Мундијалот.

 

 

- Оглас -

Најнови вести