Ракометарките на Данска конечно ќе играат финале на Европско првенство по серијата од три четврти места, односно порази во полуфиналињата, откако денеска ја победија Црна Гора со 27:23.
Црногорките одлично почнаа и поведоа со 6:3, но потоа дозволија серија од 5:0 за Данска и целосен пресврт.
На полувремето беше 14:10 за Данкињите, но повторно имаше возбудувања по серијата од 4:0 на Црна Гора за ново израмнување, 14:14.
Но, тоа како да беше се од шампионките на Европа од пред 10 години и Црногорките паднаа во темпото, па разликата се искачи на пет гола за Данска.
https://twitter.com/EHFEURO/status/1593666754781249539?s=20&t=HsECNecQtxQUt0imtQMz_Q
Втората најтрофејна нација на нашиот континент ќе игра за четвртата европска титула, откако успешно го приведе мечот кон крај со победа од четири гола разлика.
Вечерва од 20.30 часот ќе се игра второто полуфинале меѓу рекордерот со 8 титули Норвешка и Франција.