Голем резил и се случи на репрезентацијата на Македонија за играчи до 19 години, а поразот од 2:6 во Скопје од Норвешка е многу тежок.
особено ако се знае дека игравме со фудбалер повеќе од четвртата минута кога беше исклучен Егели, а ние поведовме со 1:0 со голот на Зенку.
И со играч помалку Викинзите не прегазија, а голем пресврт се случи веќе во првото полувреме што ривалот го доби со 4:2.
Во вториот дел физички и тактички надмоќниот противник, иако играше со 10 играчи ни даде уште два гола за убедлива победа од 6:2.
Ова е втор пораз за нас во првиот степен од квалификациите за настап на следното Европско првенство и шансите за пробив понатаму ни се минимални.