Чкембари се реваншираа за провокацијата, и среде Скопје му „честитаа“ на Вардар! (Фото)

Фудбалскиот клуб Вардар вечерва на пријателски меч против Железничар од Сараево, ќе го прослави својот 75-ти роденден, а ќе се одбележи и 35-годишнина од постоењето на навивачката група Комити.

Овој меч долго се најавува како спектакл, а фановите на Црвено-црните имаа и една „турнеја“ низ Македонија, од каде што порачуваа дека Вардар е Македонија. Комити со таа порака позираа и на „Тумбе кафе“ во Битола, па фановите на Пелистер решија да вратат и на мост во центарот во Скопје да се реваншираат за провокацијата.

Чкембарите ставија логоа на Вардар со тоа што во средина не стоеше буквата В, туку М и истакнаа парола: „Какви 75, вие не сте ни во пубертет. ФК Миравци 2011“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести