Нејмар нема да игра на следните два меча, но не е крај на Мундијалот за него

Уште нема официјална информација за тежината на повредата на Нејмар, но сите најави на бразилските медиуми се дека тој ќе го пропушти следните два меча од групата, против Швајцарија и Камерун, но не е отпишан за нокаут фазата и можеби ќе се врати на терен уште за осминафиналето.

Лекарот на репрезентацијата, Родриго Ласмар, потврди дека Нејмар и Данило имаат повредени лигаменти во глуждовите и дека нема да играат на следниот меч, но се работи на третмани со кои тие би можеле да играат на клучните натпревари.

Неиграњето на Нејмар може да значи промена на формацијата, со еден играч за врска плус (Фред или Бруно Гимараеш) во средина, а преселба на Лукас Пакета како полушпиц. Останува отворена варијантата Бразил да игра со систем како против Србија, со тоа што на местото на Нејмар би бил Родриго.

На местото на десниот бек Данило би требало да заиграат ветеранот Дани Алвеш или Милитао.

- Оглас -

Најнови вести