Селекцијата на Канада ги шокира Хрватите и по само една минута игра поведе со 1:0. Алфонсо Дејвис го постигна најбрзиот гол на Светското првенство во Катар, во 68-та секунда го матира голманот на Хрватска, Ливаковиќ.
Одлично нафрли Тајон Бјукенен од десната страна, а Дејвис беше највисок во шеснаесетникот на Хрватска и без проблеми го постигна најбрзиот гол на Мундијалот во Катар.
Дејвис воедно го постигна и првиот гол за Канада на Светските првенства, Канаѓаните досега одиграа три меча пред 36 години, на кои не постигнаа ниту еден гол.
https://twitter.com/i/status/1596897500140822533