Бангладеш е земја со речиси 170 милиони жители која никогаш досега не била дел од Светско фудбалско првенство, но луѓето во оваа земја со голема страст го чекаат Мундијалот и навиваат за Аргентина како да е тоа нивната репрезентација.
Кога Аргентина ќе победи на кој било меч на Мундијалот, во Бангладеш се слави како да е национален празник. Илјадници луѓе излегоа низ улиците низ целата земја по триумфите над Мексико и Полска, а сега сите во оваа земја го нетрпение го очекуваат дуелот против Холандија.
Како се случило Бангладеш толку многу да се поврзе фудбалски со Аргентина? Се вели дека фудбалската конекција меѓу Бангладеш и Англија е настаната од времето на Диего Армандо Марадона, а сето тоа има малку подолга историја.
Бангладеш долго време беше англиска колонија, а земјата доби независност во 1971 година, но англиското влијание беше задржано. Кога на Мундијалот во 1986 година Аргентина успеа да ја победи Англија на Светското првенство во Мексико, во Бангладеш тоа било неверојатна еуфорија. Во Бангладеш биле во чудо како може да се случи една неевропска репрезентација да ја победи Англија. На тој историски меч Марадона ги даде двата гола за победа и двата беа анталогиски. Првиот беше со „божјата рака“, а вториот е погодокот кој е прогласен за најдобар во историјата на Мундијалите, кога Марадона помина покрај шестмина противнички играчи, плус голманот за да постигне гол.
Од тој меч се создаде фанатизмот кај луѓето во Бангладеш да се радуваат на победите на Аргентина како да е тоа триумф на нивната репрезентација. Никаде на друго место во светот нема ваква љубов на навивачи од една земја која нема никаква поврзаност со селекција што доаѓа од држава одалечена дури 17.000 километри. Едноставно, тоа е магијата која може да ја создаде само фудбалот.